social image
МАКЕДОНСКАТА ЏИУ-ЏИЦА ФЕДЕРАЦИЈА
е национална федерација признаена од страна на Агенцијата за млади и спорт на 04.02.2010 година.


Во моментов федерацијата работи со осум клубови, а во наредниот период преку интензивни семинари со домашни и тренери од странство се очекува таа бројка да се прошири насекаде низ републиката.

Претседател на федерацијата е Катерина Бошковска која воедно е и Основоположник на самата Федерација, мајстор по Џиу-Џица 1. ДАН
Во федерацијата се практикуваат трите делови од џиу џицата, спортскиот дел, делот на самоодбраната и борбата во партер - Не Вазата.Секој член сам се пронаоѓа во еден од тие три дела и таму ја продолжува својата спортска кариера.

Федерацијата има своја Репрезентација која успешно ја претставува државата на  Меѓународен план. Досега се освоени многу медали од разни Меѓународни турнири но и неколку медали од големи натпреварувања како што се Балкански, Европски и Светски првенства. Федерацијата има и своја судиска екипа која суди на сите домашни натпревари но исто така не претставува на разни Меѓународни турнири, Балкански, Европски и Светски првенства.

Федерацијата во текот на годината организира Државни првенства за сите категории, Куп на Македонија како и Меѓународен турнир "Скопје Опен" на кој учество земаат 10 Држави со околу 250 борци. Турнирот традиционалносе организира 10 пати по ред и е на календарот со активности на Европската федерација како еден од позначајните турнири во регионот.

Федерацијата секоја година организира две полагања за повисоки појаси, организира два судиски семинари за усовршување на нашите судии и создавање на нови, организира семинари и предавања за тренерски лиценци преку кој тренерите се стекнуваат со нови вештини за водење на самиот тренинг, учат нови техники кои понатаму ги пренесуваат во својте клубови.
Федерацијата учествува на сите спортски манифестации што ги организира Агенцијата за млади и спорт како и Меѓународниот Олимписки Комитет.